Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните резултати во Тунис, па така денеска славеше против Фабрицио Андалоро од Италија.
Ивановски славеше со убедливи 6-2 во првиот сет, по што во вториот поведе со 2-0, но Италијанецот не го издржа притисокот и се предаде.
Најдобриот македонски тенисер во финале ќе игра против Рајан Нијбоер од Холандија, кој со 7-6 и 6-2 го реши Олаф Пјешковски од Полска.
Поради одличните резултати Ивановски се очекува да скокне до 494. место на најновата ранг-листа, но без сомнеж ќе напредува дополнително ако продолжи во ваков ритам.