Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот тенисер Калин Ивановски заедно со неговиот колега Олександр Овчаренко ја освои титулата во двојки на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.
Ивановски и Овчаренко играа против Андреј Шепелев и Микалај Халиак и триумфираа со 2-1 во сетови, односно 3-6, 7-5 и 10-5.
Шепелев и Халиак беа подобри во првиот сет со 6-3, но потоа Ивановски и Овчаренко го добија вториот сет со 6-3, додека во третиот сет македонскиот тенисер и неговиот колега беа подобри со 10-5.
Ивановски, исто така, избори и финале во сингл-конкуренција, па за титулата ќе се бори утре.