Ивановски ќе игра во главната фаза на челинџерот во Кобе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во главната фаза на челинџер-турнирот во Кобе кој се игра за награден фонд од 80.000 долари.

Ивановски славеше против Џејмс Кент Тротер со 2-1 во сетови, и тоа откако го загуби првиот сет со 5-7, а следните два ги доби со 7-6 и 6-4.

Македонскиот тенисер во првото квалификациско коло славеше против Матсуда со 6-7, 6-2 и 6-2, а утре ќе игра против Кинезот Јан Баи.