Ивановски направи операција на колкот: Ќе се вратам посилен!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски веќе некое време е надвор од тениските терени поради повреда, а сега направи операција на колкот.

Ивановски се мачеше со повредата од почетокот на сезоната, а во март годинава објави дека ќе оди на операција, по што се очекува негово враќање на теренот во октомври.

Македонскиот тенисер преку социјалните мрежи соопшти дека имал успешна операција и порача дека ќе се врати посилен.