Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот атлетичар Дарио ивановски за жал не успеа да ја заврши трката на европскиот шампионат во Минхен и остана без пласман, додека германскиот атлетичар Ричард Рингер стана првак.
Рингер стигна до најголемиот успех во кариерата, откако претходно неколку пати завршуваше на третата позиција во различни натпреварувања, а овој пат мина низ целта за 2:10.21.
Три секунди зад него остана Израелецот Мару Тафери, додека бронзениот медал му припадна на Гашау Ајале.