Ивановски обезбеди место во прво коло на чилинџерот во Романија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе заигра во првото коло на челинџерот во романскиот град Јаши, каде што ќе се соочи против Николас Давид Јонел.

Ивановски обезбеди место во главниот дел од турнирот, откако во квалификациите беше подобар од Брендон Волкин и Дан Томеску.

Македонецот ќе има тешка мисија во првото коло на турнирот затоа што ќе игра против 192. тенисер во светот.