ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Калин Ивановски, македонскиот тенисер, успешно ја продолжува својата форма и постигна значителен напредок на АТП ранг-листата како награда за добрите настапи во последниве недели.
Според новото рангирање објавено денес, Ивановски се искачи за дури 60 позиции. Ова го постигна главно благодарение на успехот во Сан Марино, каде што ги мина квалификациите и влезе во првото коло на главниот турнир.
Со овој резултат освои дополнителни пет поени, па сега неговиот вкупен број на АТП бодови е 29. Тоа му овозможи скок до 793. место на светската ранг-листа.
Фото:Instagram/kalin_ivanovskii