Ивановски падна за три позиции на АТП-листата


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На најновата ранг-листа на АТП е забележан пад од три позиции на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, додека на врвот остана Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ останува прв со 7.135 бодови и ја почна 384. недела на врвот, додека Карлос Алкараз има 6.770 бодови и така ја намали разликата со неговиот голем ривал.

На третата позиција следи Данил Медведев со 5.240 бодови, додека Каспер Руд е четврти со 5.210 бода.

Ивановски забележа пад од три позиции на ранг-листата и се наоѓа на 461. место.