Ивановски по голема борба се пласира во четвртфинале во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфинале на турнирот во Монастир.

Ивановски беше подобар од Адам Мундир од Мароко со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-4 и 7-6 по голема битка.

Македонскиот тенисер во четвртфинале ќе се бори против Себастијан Соргер од Австрија, кој беше подобар од Робин Бертранд.