Ивановски по освоениот трофеј во Скопје: Ѝ благодарам на публиката!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски го освои трофејот на фјучерсот во Скопје и утре се очекува да забележи голем скок на АТП-листата.

Ивановски им се заблагодари на навивачите за поддршката која му ја даваа во текот на целиот турнир.

„Ѝ благодарам на публиката. Организацијата беше неверојатна, благодарност до сите кои го направија овој турнир голем за Македонија. Честитки и за Саша кој играше одлично“, кажа Ивановски.