Ивановски по трофејот во Австрија: Ова беше неверојатен турнир!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го освои трофејот на фјучерсот во Крамсах, Австрија, каде што ја освои втората титула оваа сезона.

Ивановски играше одлично во текот на турнирот и оствари пет победи, додека во финалето го декласира Џерард Кампања Ли со 6-2 и 6-2.

„Голема благодарност до сите во организацијата. Одиграв неверојатен турнир. Имав добри настапи, а притоа морав да победам и неколку домашни тенисери“, кажа Ивановски.

Најдобриот македонски тенисер претходно го освои и фјучерсот во Скопје.