Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски славеше со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-2 против Петер Гојовчик на турнирот во Братислава.
Ивановски пропушти неколку брејк-шанси во првиот сет, каде што искусниот Гојовчик успешно се бранеше од нападите сè до тај-брејкот во кој загуби со 3-7.
Гојовчик во вториот сет не можеше да му парира на расположениот Ивановски, кој со два брејка ја обезбеди победата и ќе игра во осминафинале на челинџерот во Братислава.