Ивановски прегази уште еден Австриец за пласман во четвртфинале

Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше против Австриецот Сил Гаџери на турнирот во Крамасх, Австрија.

Македонецот оствари втора победа во Австрија, откако денеска беше подобар со 6-1 и 6-2 против Гаџери, па така во четвртфиналето ќе се бори против победникот од мечот меѓу Коп и Гадамаури.

Ивановски е втор носител на турнирот и еден од најголемите фаворити за титулата во Австрија.