Ивановски скокна 18 позиции на АТП-листата


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски скокна за 18 позиции на најновата АТП-листа и од денеска се наоѓа на 457. место, а тоа воедно е негов најдобар пласман во кариерата.

Ивановски во следниот период ќе настапува на турнир во Дубровник, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Македонскиот тенисер ќе биде петти носител, додека прв противник ќе му биде Матео Донати.

На турнирот ќе настапи и вториот македонски тенисер Горазд Србљак.