Ивановски скокна девет места на АТП-листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во финалето во Монастир, Тунис, но и покрај тоа забележа скок на АТП-листата.

Ивановски стигна до најдобриот пласман во својата кариера, па на најновата ранг-листа се наоѓа на 534. место, откако скокна за девет позиции.

Како што е веќе познато, Новак Ѓоковиќ исто така се врати на првото место на АТП-листата, откако го скокна Карло Алкараз.