Ивановски скокна за 18 позиции на АТП-листата


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа нов напредок на АТП-листата која беше објавена денеска.

Ивановски напредуваше за 18 позиции и во моментов се наоѓа на 457. место во светот, откако освои дополнителни пет поени со настапите во Дубровник.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, исто така напредуваше на ВТА-листата, па сега се наоѓа на 213. место.

На врвот останува Новак Ѓоковиќ, а зад него следат Алкараз, Циципас, Руд и Медведев во топ-5.