Ивановски скокна за две места на АТП-листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа нов напредок на АТП-листата која беше објавена завчера.

Ивановски има 92 бодови и тоа му донесе скок до 459. место во сингл-конкуренција на АТП, односно две позиции полошо од неговиот најдобар пласман во кариерата.

Втор најдобар македонски тенисер е Обрад Марковски кој се наоѓа на 1.127 место, по што следи Горазд Србљак, Берг Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов.

На врвот остана Новак Ѓоковиќ со пет бодови пред Карлос Алкараз.