Ивановски со нов скок на АТП-листата до најдобар ранкинг во кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски скокна за 30 позиции на АТП-листата и го оствари најдобриот пласман во кариерата.

Ивановски се најде на 306. место на АТП-листата, а овој напредок е благодарение на освоениот турнир во Крамсах, додека оваа недела ќе настапи на челинџер-турнирот во Бања Лука и може да оствари дополнителен скок на ранг-листата.

Србљак се наоѓа на 1.130 место, откако забележа пад од две позиции, додека Марковски е на 1.220 место и бележи скок од пет места.

На врвот останува Карлос Алкараз, по што следи Новак Ѓоковиќ, а во топ-5 се уште и Данил Медведев, Стефанос Циципас и Холгер Руне.