Ивановски со скок од 26 позиции до најдобар ранкинг во кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски скокна за 26 позиции на најновата ранг-листа на АТП и го забележа најдобриот ранкинг во кариерата.

Ивановски се наоѓа на 305. место во светот, односно за една позиција подобро од неговиот претходен најдобар пласман на 7 август годинава.

Македонскиот тенисер од денеска игра на челинџер-турнирот во Хамбург и има можност да го подобри пласманот на следното рангирање.

Останатите македонски тенисери, исто така, напредуваа на ранг-листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485. место со скок од осум места, а остана со три поени.