Ивановски тренираше со Ѓоковиќ: Учев со најдобриот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски тренираше со најдобриот играч во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Ивановски доби совети од Ѓоковиќ кои треба да му помогнат да напредува уште повеќе во кариерата, а нивната дружба заврши откако Србинот замина за Париз каде што ќе игра на Мастерс-турнирот.

Македонскиот тенисер му се заблагодари на Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.

„Учам од најдобриот. Ти благодарам Новак на тебе и на твојот тим за оваа недела“, напиша Калин.