Избодениот навивач на Левски: Не провоциравме, нè нападнаа на семафор!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред мечот меѓу Шкупи и Левски се случи инцидент во Чаир, каде што бугарски навивачи беа нападнати од локалните жители.

Драгомир Андонов бил избоден со нож, по што заврши во клиника во Скопје на лекување, а сега во интервју за бугарските медиуми раскажа што се случило во Чаир.

„Бевме на погрешно место во погрешно време. Не направивме ништо. Сообраќајот беше густ. Стоев на семафор, кога едно момче почна да ме влече. Ме удри по окото, решив да ја отворам вратат. Луѓе почнаа да излегуваат и еден ме удри со дрвен столб по глава. Подоцна сфатив дека сум бил избоден“, вели Драгомир.