Избран е најдобриот тим во Ла Лига: Реал Мадрид е понижен како никогаш до сега!


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Без ниту еден играч од Кралскиот клуб.

Пред два дена е завршена уште една сезона во шпанскиот шампионат.

Титулата повторно беше освоена од страна на Барселона која на овој начин ја потврди доминацијата во Шпанија во последните 10 години, а Реал Мадрид доживеа потполно фијаско со оглед на тоа дека заврши на третата позиција и со 19 бодови помалку од Барселона, со што го постави новиот негативен рекорд.

Порталот WhoScored.com го избра најдобриот тим во Ла Лигата за оваа сезона, а тој е составен без ниеден играч од Реал Мадрид. Во предвид се земени и просечните оцени кои секој играч ги добиваше за време на сезоната, а на крајот се заклучи дека ниту еден фудбалер од Кралскиот клуб не го заслужува местото во најдобриот тим.

На голот на овој тим се наоѓа голманот на Атлетико Мадрид, Облак, десен бек е Пења од Еибар а лев неговиот соиграч Коте, додека стопери се Пике и Марипан од Барселона, односно Депортиво Алавес.

Везниот ред е составен од Дани Парехо од Валенсија, Родриго од Атлетико, Дембеле и Меси од Барселона, додека во нападот се Луис Суарез од Барса и Лаго Аспас од Селта.

Секако, сеуште се чека најдобриот тим избран од Ла Лига, а се верува дека во него нема да има ниту еден фудбалер на Реал.