Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед има отворен пат до Пол Погба, јавуваат британските и шпанските медиуми после што Реал се откажа од борбата.
Имено, Реал не е спремен да плати повеќе од 100 милиони евра, колку што Јувентус бара за францускиот репрезентативец, тие пари ги има Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо кој на засилувања во ова лето ќе потроши повеќе од 200 милиони евра.
Британците пишуваат и дека Мурињо ќе се реши од Хуан Мата, како што направи во Челси, со цел да отвори простор за доведување на 23-годишниот Погба кој во Јувентус отиде токму од Јунајтед кој го напушти во 2012 година после што не сакаше да потпише нов договор.
Јунајтед со неговото доведување за повеќе од 100 милиони евра ќе го сруши досегашниот светски рекорд бидејќи Реал за 100 милиони евра го доведе Герет Бејл.