Изненадувачка одлука на светси шампион со Германија: Ја заврши кариерата на само 29 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси, Аднре Шурле донесе доста изненадувачка одлука откако се реши да стави крај на активното играње фудбал.

29 годишниот Шурле беше под договор со Борусија Дортмунд, но оваа сезона ја помина во редовите на Спартак Москва како позајмен фудбалер.

Иако се уште имаше активен договор, Шурле побарал раскинување на истиот со Борусија Дортмунд и откри дека повеќе нема активно да игра фудбал.

„Одлуката созреваше во мене долго време. Повеќе не ми треба аплауз. Секогаш треба да играте клучна улога во овој бизнис или ќе ја изгубите работата. Само перформансите на теренот се бројат“ –кратко изјави Шурле за „Дер Шпигел“.