Изненадување на тренингот: Зидан направи промена пред мечот со Осасуна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот бразилски дефанзивец Марсело тренираше ова попладне со соиграчите од Реал Мадрид и ќе се врати во екипата за мечот против Атлетик Билбао.

Бразилецот го пропушти претходниот дуел против Гранада поради тоа што тренерот Зинедин Зидан процени дека левиот бек не се наоѓа во посакуваната состојба.

Еден ден при патувањето во Баскија, Марсело го одработи целиот тренинг, а потврда за негово враќање во тимот, Зидан ќе даде на конференцијата за медиумите.

Зидан нема многу избор, ако се знае дека левиот бек Ферлан Менди е повреден, а има и други проблеми во одбраната.

На денешниот тренинг не присуствуваа повредените Дани Карвахал, Лукас Васкез, Менди, Серхио Рамос, како и заразениот Тони Крос.

Реал во претпоследното коло ќе игра со Билбао од 18.30 часот, а во моментов има два бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид.