Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен, Тиаго Силва и Цезар Аспиликуета имаат договори до јуни, меѓутоа се очекува двајца од нив да потпишат нови, додека двајца ќе заминат.
Засега големи шанси да останат во тимот имаат Силва и Кристенсен, додека Аспиликуета е блиску до заминување, а Рудигер веќе одби неколку понуди.
Поради тоа тренерот Томас Тухел бара засилувања во одбраната, а на неговата листа со желби се Жил Кунде и Матијас де Лихт, но денеска се појави нова информација.
Стоперот на парижаните, Преснел Кимпембе размислува да замине во Лондон, а Тухел е тој кој имаше доверба во дефанзивецот и го внесе во првиот состав.
Кимпембе е незаменлив и по доаѓањето на Серхио Рамос, но размислува да се пресели во Челси за да соработува повторно со Тухел.