Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Женската репрезентација на Македонија во првото коло од Лигата на нации ќе се соочи против Бугарија, а дуелот е закажан за 22 септември од 15 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за претстојниот меч против Бугарија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Берна Кабакчи (Карсон У, Америка), Магдалена Лекоска (Љуботен);
Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Љуботен), Павлинка Николовска (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);
Среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Радица Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);
Напад: Афродита Салихи (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов).