Извлечени групите за Светското првенство, Червар ќе има тешка задача!

Денес беше одржана ждрепката за Светското првенство во ракомет кое ќе се одигра во Франција во јануари наредната година.

Актуелниот шампион на светот и домаќин на ова натпреварување ќе игра во групата А, а за противници ќе ги има Норвешка,Јапонија, Бразил, Русија и Полска.

Нашата репрезентација баш и немаше поволен ждреб и ќе игра во групата Б заедно со Ангола, Тунис, Исланд, Словенија и Шпанија.

Еве ги и целосните групи:

Група А: Норвешка, Јапонија, Бразил, Русија, Полска, Франција

Група Б: Ангола, Тунис, Исланд, Македонија, Словенија, Шпанија

Група Ц: Саудиска Арабија, Чиле, Унгарија, Белорусија, Хрватска, Германија

Група Д: Аргентина, Бахреин, Египет, Шведска, Данска, Катар

Светското првенство во Франција ќе се игра од 11 до 29 јануари 2017 година.