ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го исфрли Манчестер сити од европските натпреварувања во следните две сезони поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Ако не биде прифатена жалбата на Судот за спортска арбитража во Лозана, „граѓаните“ во следните две сезони нема да ги гледаме во елитното натпреварување.
Неколку дена откако беше објавена казната, се огласи и извршниот директор на клубот Феран Соријано.
„Најважно е тоа што сакам да кажам дека обвинувањата не се вистински. Обвинувањата се лажни и тие имаат политичка позадина. Ќе се обидеме да докажеме дека не сме виновни. Знаеме дека навивачите ќе бидат со нас, го чувствувам тоа. Навивачите поминаа низ многу предизвици во претходните децении…“, порача Соријано.