Ја бакна противничката, па си доби шлаканица (ВИДЕО)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Натпреварувачката од Полска, Ева Бродничка, која е шампион во перо-лесна категорија, предизвика скандал на официјалното мерење пред мечот за титулата против Едит Соледад Матис од Аргентина.

Ева ја бакна својата противничка, но Аргентинката очигледно не беше премногу импресионирана, зашто реагираше жестоко, по што боксерката од Полска си доби шлаканица.

Веднаш потоа почнаа „искрите“, но судијата успеа да ги раздвои и да спречи поголем инцидент.