„Ја немав довербата на Клоп“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на Јирген Клоп претставуваше и крај за Кристијан Бентеке во Ливерпул.

Иако стигна како големо засилување на Енфилд, Бентеке после само една сезона се пресели во Кристал Палас во потрага за повеќе минутажа.

„Многу работи се случија во Ливерпул. Кога стигнав, Роџерс беше менаџер, но тогаш тој е отпуштен и дојде Клоп со својот план.

Но, тоа е дел од фудбалот. Можеше да биде и подобро, но ми требаше повеќе доверба од менаџерот и луѓето во клубот“, рече Бентеке.