Ја одбив Барселона и не се каам поради тоа


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во јануарскиот преоден рок Одион Игало беше на мета на Барселона, но трансферот не се реализира па Каталонците се решија за ангажман на Кевин Принс Боатенг.

Игало потврди дека добил понуда за позајмица во јануарскиот преоден рок во Барселона, но истата ја одбил со образложение дека заслужува подолг договор.

„Агентот ми кажуваше за интересот од Барселона. Клубот посакуваше напаѓач со искуство во Ла Лига и некој кој го разбира шпанскиот фудбал. Но тие сакаа некој на позајмица, а не на перманентна основа. Требаше да биде половина година и строго како резервен играч. Беше убаво кога слушнав дека Барселона ме посакува, а веројатно многу напаѓачи тоа и би го прифатиле, но мене не ме интересираше нивната понуда.

Со должна почит, ама завршив како втор стрелец во Кина со 21 погодок. Заслужувам повеќе и не сакав да бидам краткорочна опција во некој клуб. Затоа ја одбив Барселона“ –истакна Одион Игало.