Ја преживеа авионската несреќа на Чапекоенсе: Денес почина од срцев удар играјќи фудбал… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во ноември 2016. година се случи голема трагедија кога авионот кој ја превозуваше екипата на Чапекоенсе се урна.

Беше тоа несреќа во која загинаа 71 од 77 лица кои се превезуваа, вклучувајќи и 19 фудбалери на Чапекоенсе.

Рафаел Хензел, кој ја преживеаа несреќата, за жал почина во 45. година од животот откако имал срцев удар додека играл фудбал.

Хензел, угледен фудбалски новинар и коментатор, беше еден од шестмината патници кои ја преживеаа трагедијата.

Глабо Еспорте објави дека Хензел се срушил додека играл фудбал во градот Чапеко на југот на земјата, а докторите не успеале да направат ништо откако пристигнал во болницата.