Ја урна Македонија со два гола, па потпиша богат договор! (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од најголемите португалски ѕвезди, Бруно Фернандеш потпиша нов договор со Манчестер јунајтед и ќе добие огромна плата, идентична како на Кристијано Роналдо и Давид де Хеа.

Фернандеш стави потпис на соработка до 2026 година, откако пред неколку дена ја потопи Македонија со два гола (2-0), а во договорот има опција да го продолжи за уште една година.

„Имам посебен однос со клубот и навивачите откако пристигнав во Манчестер, јас пораснав додека го гледав овој тим, сонував да играм за него и сега тоа ми се оствари. Неверојатно е да играте на ‘Олд Трафорд’“, вели Фернандеш.

Португалецот ѝ даде два гола на Македонија во Порто на „Драгао“ за да ѝ обезбеди пласман на Португалија на Мундијалот во Катар.