Ја воодушеви Европа и на само 16 години договори трансфер во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Момчето од Палмеираш, Ендрик кој ја воодушеви цела Европа со неговите настапи, наводно избрал каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што објавија шпанските медиуми, Ендрик наводно го избрал Реал Мадрид каде што ќе игра откако ќе стане полнолетен.

Бразилското чудо од дете беше желба на сите европски гиганти, а досега за првиот тим на Палмеираш одигра четири меча и постигна два гола.

Интерес за Ендрик покажаа Барселона, Челси, Јувентус, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид кој на крајот треба да потпише договор со Бразилецот.

„Кралевите“ за потписот на Бразилецот ќе мора да платат околу 30-35 милиони евра.