Ја запроси девојка му на ОИ, а во меѓувреме спиел заедно со атрактивна фитнес девојка 📸


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Макс Крузе не сонуваше дека може да му се случи ваков скандал, откако на Олимписките игри во Токио ја запроси својата девојка преку ТВ пренос.

Крузе јавно испрати брачна понуда и ги воодушеви сите, откако неговата девојка Дилара кажала „да“, но во меѓувреме се појави фитнес девојката Вансе Марипоса која тврди дека фудбалерот ја изневерувал сопругата со неа.

„Имаше афера со мене, а сега сака да се венча со девојката. Не можам да верувам. На почетокот на годината се сретнавме во Дубаи. Ми се јави да дојдам кај него. Ми кажа дека е слободен, поминавме неколку ноќи заедно и имавме интимни односи. Никогаш немаше да бидам со него ако знаев дека има девојка. Потоа не се видовме до февруари“, вели фитнес девојката.