Јаго Аспас со искрен одговор за потенцијалните трансфери на Погба и Канте во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Селта, Јаго Аспас ги коментираше новинарските написи кои  се поврзани за потенцијалните засилувања на Реал Мадрид во летниот преоденрок.

Аспас има интересен став кој се разликува од повеќето во Шпанија. Имено, тој смета дека Погба и Канте не се потребни на „кралскиот  клуб“ затоа што тие во своите редови имаат сличен калибар.

„Погба или Канте не се играчи за Реал Мадрид, а играчите кои тие кои веќе ги имаат се играчите кои ги сакам. Тие веќе го имаат Себалјос, интернационалец кој не ужива во континуитет на клупско ниво и тоа му е потребно затоа што има само 21 година. За мене Тиаго Алкантара би бил подобро засилување од нив двајца“ –истакна Аспас.