Јаховиќ даде гол, а потоа беше забележан неверојатен фер-плеј потег во Турција (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Газиантеп и Гецтепе одиграа 1-1 во меч во кој македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ постигна гол за неговиот тим, а потоа се случи неверојатен фер-плеј момент.

Домаќините добија пенал дури во 99. минута, откако судијата покажа најстрога казна, иако голманот на гостите немаше никаков контакт со противникот.

Гостите се обидоа да објаснат дека нема пенал, но судијата остана на својата одлука, по што Мухамет Демир намерно го промаши пеналот затоа што беше свесен дека арбитарот згреши со неговата одлука.