Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ не е во македонската репрезентација, но и покрај тоа испрати моќна порака до неговите сонародници и поранешни колекги од селекцијата.
Јаховиќ испрати порака до капитенот Горан Пандев и останатите да одиграат за македонскиот народ и да го направат горд.
„Ајде лавови, ајде другари, ајде легенди на Македонија. Ајде направете го овој народ горд, покажете дека и ние Македонците знаеме да играме фудбал. Играјте за народот наш, за името на Македонија“, напиша Јаховиќ.