Јаховиќ ја напушта Малатијаспор, но останува во Турција


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Искусниот напаѓач и поранешен репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ пред само седум месеци стана член на Малатијаспор, но наскоро ќе потпише за нов клуб.

Овој 32-годишен фудбалер ги договорил условите со тимот на Анталијаспор и се очекува во следните неколку дена да стави потпис на соработката.

Јаховиќ и сезонава е одличен во турската Суперлига, каде што одигра 18 меча и постигна 11 голови, а Анталијаспор ќе му биде четврти турски клуб во кариерата.

Покрај тоа, Јаховиќ настапуваше и за Вележ, Сараево, Железничар, Вил, Цирих, Ворскла, Риека, Самара, Гозтепе и Коњаспор.