Јакимовски со рекорд на кариерата во НЦАА-лигата (Видео)


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски беше одличен во победата на Вашингтон стејт против Аризона стејт (75-58).

Јакимовски беше најзаслужен за убедливата победа бидејќи за 31 минута на паркетот постигна 22 поени, а тоа е негов личен рекорд во НЦАА-лигата.

Македонецот постигна пет тројки од 10 обиди, а притоа имаше седум скокови и три асистенции за Вашингтон стејт.