Јан Облак постави нов рекорд во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак ја зачува мрежата на гостувањето кај Осасуна и така во рекорден рок стигна до 100 натпревари без примен погодок.

На одличниот голман за ваков јубилеј му требаа 182 меча, со што го надмина рекордот на Мигел Реина, кој до 100 меча без примен гол стигна по 222 настапи.

Словенечкиот голман во Атлетико стигна во сезоната 2014/15 од Бенфика, а во досегашниот дел од кариерата со клубот од Мадрид ги освои Суперкупот на Шпанија, Лига Европа и УЕФА Суперкупот.

Двапати со Атлетико ја заврши сезоната на второ место, а на чекор до трофејот во Лигата на шампиони беше во сезоната 2015/16, кога загуби во финалето.