Јануарски поход на „кралевите“: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Тотенхем


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијан Ериксен минатото лето остана во Тотенхем, иако имаше многу шпекулации дека ќе се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, „кралевите“ се подготвуваат за нова офанзивна во јануари, кога конечно ќе пробаат да го добијат потписот на Данецот.

Тотенхем се обиде да преговара со Ериксен за нов договор, но Данецот јасно сака да замине и нема намера да го продолжи договорот, кој му завршува на крајот на сезоната.

Сопственикот на лондонскиот клуб, Даниел Леви е подготвен да преговара со заинтересираните клубови, па токму во јануари се очекуваат преговори со „кралевите“.

Тимот на Зинедин Зидан има потреба од нов фудбалер во средниот ред, кој ќе донесе креативност, брзина и енергична игра кај Реал.