Јапонија ќе им ги враќа парите на странците кои купија билети за ОИ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јапонија потврди дека странците нема да може да бидат на трибините на Олимписките игри (ОИ), кои ќе се одржат ова лето во Токио.

Јапонската Влада не сакаше да го ризикува здравјето на навивачите поради пандемијата на ковид-19 и поради тоа не им дозволи на странците да присуствуваат на големото натпреварување.

Од Организацискиот одбор на ОИ соопштија дека странците нема да присуствуваат на трибините, а поради тоа ќе им бидат вратени парите на тие кои веќе купиле билети за настанот.

Исто така, досега биле продадени 4,5 милиони влезници на државјани на Јапонија, додека милион биле продадени на странци, но секако парите ќе бидат вратени и не се очекува ОИ да имаат загуба поради тоа.