„Јас ќе фрлав шишиња и копачки во публика да бев на место на Паје“ 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје е суспендиран на еден меч поради конфликтот со навивачите на Ница.

Паје при изведување на корнер беше погоден со шише во грб, а потоа жестоко реагираше и го фрли на трибините меѓу навивачите.

Потоа се создаде вистински хаос на теренот и тепачка меѓу навивачите на Ница и играчите на Марсеј, а дуелот беше прекинат во 74. минута.

Легендарниот напаѓач Николас Анелка застана во одбрана на Паје и кажа дека тоа за него била нормална реакција.

„За мене тоа е нормална реакција затоа што јас да бев на негово место, ќе фрлав шишиња и копачки по навивачите на трибините“, кажа Анелка.

Дисциплинската комисија на Лига 1 ја казни Ница со два бода и три меча без публика.