„Јас нема да судам, Бог е задолжен за тоа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двојната олимписка шампионска и светска рекордерка во скок со стап, Русинката Јелена Исинбајева, објави дека ја завршува спортската карира. Звучи помалку неверојатно но е вистина.

Исинбајева поради наводниот допинг е спречена да учествува на игрите во Бразил, но е примена во МОК…

„Ве повикав да ве известам дека се одлучив да ја завршам кариерата“, рече Исинбајева на вонредната конференција за новинарите во Рио де Женерио и продолжи:

„Среќна сум што ги остварив своите соништа, ги освоив сите можни медали, титули, ја добив довербата и ги освоив срцата на љубителите на атлетиката ширум планетата“.

На одлуката на Меѓународната атлетска федерација (IAAF) за руската атлетичарка да биде суспендирана од Игрите, таа рече:

„Кога стигнав во Бразил реков дека никогаш на никого нема да простам поради тоа што сум исфрлена од Игрите на таков неправеден начин. Но, сега се предомислив. Јас не сум судам. Ако претседателот на IAAF верува дека направиле вистинска работа, тоа нека оди на нивна душа. Ќе им простам, но Бог ќе им суди“.

Таа на Олимписките игри во 2004 и во 2008 година освои златни олимписки медали во скок со стап, додека во 2012 освои бронза. Исинбајева 28 пати го соборуваше светскиот рекорд и повеќекратка светска и европска шампионка.