„Јас сум ѕвезда? Што се тогаш Касемиро, Модриќ, Крос, Марсело и Бензема?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако има само 21 година, Винисиус Жуниор покажа дека е голема ѕвезда и дека станува збор за скромно момче, а на почетокот на годината стана трет највреден фудбалер во светот по одличните игри во Реал Мадрид.

Винисиус беше скромен во изјавата за медиумите, кога новинарите го прашаа дали се смета за ѕвезда.

„Не се сметам за ѕвезда. Оваа соблекувална е полна со освојувачи на Лига на шампиони и сите можни трофеи. Јас не сум ѕвезда. А ако сум, тогаш што се Марсело, Касемиро, Модриќ, Крос, Начо или Бензема?“, праша Бразилецот.

Реал Мадрид му подготвува нов договор на Бразилецот, кој најверојатно ќе го потпише до лето, а ќе трае до 2027 година и ќе добие плата многу поголема од сегашната, која е „само“ 1,5 милиони евра годишно.