Дали го видовте посебниот дрес на Барса за вечерашното Ел Класико?

Барселона вечерва во првиот полуфинален меч од Кралскиот куп на својот Ноу Камп ќе го угости вечниот ривал Реал Мадрид.

Првото овогодишно Ел Класико ќе донесе и занимлива промена на дресот на каталонскиот великан, па фудбалерите на теренот ќе се појават со презимињата испишани и на кинески на своите дресови.

На овој потег раководството на тимот се одлучили во чест на кинеската Нова година.

Исто така, одреден број на дресови со кинески написи ќе бидат пуштени и во продажба, па на овој начин Барса отвора нова врата спрема кинескиот пазар.

Барса за наредното лето веќе договори неколку припремни натпревари да се одиграат во Кина и Јапонија, а причината за ова е поради маркетинг и азискиот пазар кој им носи големи пари.