Јокиќ го надмина Шекил, па му се поклони НБА-легенда (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Јокиќ повторно е главна тема во НБА-лигата поради одличниот настап во вториот меч против Феникс санс, кога постигна 39 поени, 16 скокови и пет асистенции.

Јокиќ е еден од кошаркарите кои во плејофот имале најмалку 30 поени, 15 скокови и пет асистенции, заедно со Карим Абдул-Џабар и Шекил О’Нил.

Ова на српскиот кошаркар му беше 11. меч со такво постигнување и го надмина легендарниот Шекил, по што Чарлс Баркли му се поклони за успехот.

„Ајде да уживаме во неверојатната игра на Јокиќ. Изгледа како добро момче, иако не го знам. Уживам додека го гледам“, кажа Баркли.