„Јокиќ и Кари се неверојатни, среќни сме што ги гледаме во НБА“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер на прес-конференцијата по поразот од Денвер нагетс зборуваше за настапот на Никола Јокиќ и Стеф Кари.

Србинот го заврши натпреварот со 35 поени, 13 скокови и пет асистенции, а тренерот Кер кажа дека е среќен што постои таков кошаркар во НБА-лигата.

„Јокиќ и Кари се уникатни кошаркари и изградија препознатлив стил на игра. Инспирирани се од повозрасните кошаркари, а тоа е добро. Чест ми е и среќен сум што ги гледам и уживам во нивните игри во НБА-лигата“, кажа Кер.